Фактор: Повисока плата за докторите и персоналот кој се бореше со Ковид-19

0
846

Вработените во Центрите за јавно здравје како и сите членови на Итна медицинска помош ќе добијат 20 отсто повисока плата како награда за два месеци, дознава Фактор.

Владата за ова предвидела еден милион евра, а околу 3.000 здравствени работници ќе бидат наградени заради нивниот ангажман во борбата со пандемијата. Наградени ќе бидат докторите и медицинскиот персонал на инфективните клиники, а парите ќе бидат префрлени на домашна платежна картичка.

Иста ваква картичка ќе добиваат и други 120.000 невработени граѓани и граѓани со ниски примања, на кои Владата ќе им исплати по 150 евра. Предвидени се и пари за студенти и средношколци и ваучери за одмор. Тоа е дел од третиот пакет мерки за спас на домашнаат економија.