Фактор дознава: МВР останува кај СДСМ, ДУИ ќе раководи со финансии, надворешни работи и администрација

0
817

Постигнат е конечен договор за идната влада, а пред средбата на лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети денеска, Фактор дознава некои детали од договореното.

Според нашите информации, во новата влада, Министерството за внатрешни работи ќе го раководи кадар на СДСМ повторно, односно овој ресор останува кај поголемиот коалиционен партнер. Сепак според нашите информации, за Министерството за финансии, за надворешни работи и за администрација свои министри ќе предложат ДУИ.

Дознаваме дека е договорено Никола Димитров, досегашниот министер за надворешни аботи да биде министер за правда.

Веќе објавивме дека се тврди дека Талат Џафери ќе остане претсдател на Собранието.