Факти ја потврдуваат поврзаноста на ВМРО-ДПМНЕ со скандалот во Еко клуб, додека се загрозувало здравјето на луѓето, Мицкоски и Груевски си гледале лични интереси

0
846
Ништо не може да го испере срамот и неодговорноста на ВМРО ДПМНЕ за медицинскиот отпад во „Еко клуб“.
Сите факти и потврдени информации во врска со медицинскиот отпад на „Еко клуб“ ја докажуваат поврзаноста на ВМРО ДПМНЕ со скандалот.
Факт број 1 – Обвинителката во предметот, која два месеца се немаше изјаснето за истражната постапка, е приврзаник на ВМРО ДПМНЕ. Тоа го потврдуваат Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска на една од прислушуваните аудио снимки објавени во јавноста. Тоа го користи ВМРО ДПМНЕ и два месеца ја попречува постапката.
Факт број 2 – Поврзаноста на ВМРО ДПМНЕ со медицинскиот отпад е потврдена преку директорската позиција во депонијата Дрисла. Горан Ангелов беше директор до пред три недели и тој му овозможувал на Сашо Јанакиевски таму да го депонира отпадот, иако не бил целосно уништен, како што налагаат законските прописи.
Факт број 3 – Сашо Јанакиевски најмалку преку две функции ја докажува поврзаноста со режимското владеење на Никола Груевски. Во годините кога Груевски е премиер, Јанакиевски со одлука на Владата е поставен за конзул на Виктор Орбан во Битола. И второ, Јанакиевски е поставен и за директор на унгарската стопанска комора раководена од Орбан. Орбан е со политички азил го спаси од издржување на затворска казна Никола Груевски.
Одговорност за овој огромен скандал директно поврзан со ВМРО-ДПМНЕ мора да има.
Или јавната обвинителка ќе прекине да ги штити луѓето на ВМРО-ДПМНЕ или Советот на јавни обвинители ќе мора да ја разреши.