УШТЕ ЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ ДОБИ РЕКОНСТРУКЦИЈА

0
384

Учениците од ОУ „Љубен Лапе“ во Општина Аеродром новата учебна година ќе ја започнат во училиште со целосно реконструиран долен кат.
Овие денови се одвива реконструкцијата со која училниците ќе бидат подновени со нови врати и прозорци, бојадисани ѕидови, изолација и други различни содржини што ќе им овозможи на учениците настава во попријатна и современа атмосфера.

Станува збор за инвестиција на општината во износ од 4 милиони денари. Покрај овие активности, реконструкција на застарените делови од училиштата имаше и во ОУ „Лазо Ангеловски“, ОУ „Блаже Конески“ доби целосно нова енергетски-ефикасна фасада и започна процесот за доградба, ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ наскоро добива нов современ спортско-рекреативен и едукативен полигон, а истовремено во останатите училишта се изведуваат тековни активности за обновување, одржување и осовременување на целата образовна инфраструктура.

17.08.2022
Општина Аеродром