УШТЕ ЕДНО РЕЖИМСКО ЛАЈНО ЌЕ ПАТУВА НА “СЛУЖБЕН ПАТ” : перскиот пејач Игор Дурловски си поднесе оставка од местото директор на МОБ и од позицијата професор на Факултетот за музичка уметност.

0
1685

Оперскиот пејач Игор Дурловски си поднесе оставка од местото директор на МОБ и од позицијата професор на Факултетот за музичка уметност.

– Жалам што сите овие општествени превирања се случуваат во година кога одбележуваме два значајни јубилеи и со кои требаше да создадеме нова страница со врвни уметнички достигнувања. За жал, а можеби некому за среќа, ниту МОБ не беше поштеден од негативните ефекти од наметнатите општествени услови кои се одразија врз целокупната работна атмосфера, расположението на нашата публика, безбедносниот скептицизам на дел од нашите гости-уметници, и ред други помалку значајни нешта – вели Дурловски, кој објавата за оставките ја напиша на својот фејсбук профил.

Тој во објавата потенцира дека ова не бил ниту политички став, ниту став за уметничката дејност на Македонската опера и балет.

– За првото секој има право на сопствена определба или неопределба (што секогаш сум го почитувал), а за уметноста сме разговарале со многумина од вас и верувам дека и понатаму ќе го правиме истото во различни прилики – вели Дурловски.

Тој во обраќањето на фејсбук вели дека последен ден на работа во МОБ ќе му биде 25 мај, а на позицијата професор во ФМУ ќе остане до крајот на јунската испитна сесија.

Дурловски изминативе месеци беше еден од организаторите на протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“ и беше присутен во Собранието за време на насилствата што се случија на 27 април, а потоа се повлече од организација на протестите, но се појави уште еднаш на бина.