Уште една трагична приказна од поплавите: Наместо на свадба-во смрт

0
1104

Достана Димитриевска (43) од Тетово е една од жртвите од катастрофалните поплави што го зафатија скопскиот регион.

Во отсуство на официјални информации, од соседите се дознава дека Достана со нејзиниот сопруг Злате со автомобил „опел“ заминале на свадба во едно од селата што најмногу настрадаа во поплавите. Во автомобилот имало уште еден брачен пар (сестра и зет на покојната) и нивното дете. Според соговорниците, сите заедно оделе на свадба кај блиска роднина на загинатата, пишува Утрински весник.

Неофицијално се зборува дека тие присуствувале и на чинот на венчавање во црква во селото (не успеавме да дознаеме за кое село се работи), а потоа се упатиле на веселбата во една од скопските кафеани. Но, за жал, не успеале да стигнат на свеченоста. Ги зафатил голем порој со наноси од тиња, кал и камења. Некаде на обиколницата, силна вода удрила во автомобилот и го превртела. Први излегле сопружниците Достана и Злате, но водата ги разделила. Останала Достана со испружени раце за помош, а во наносот извесно време заглавил и нејзиниот сопруг. Тој бил извлечен од некои спасители. Другите двајца сопатници се здобиле со повреди, но од полесна природа.