УШТЕ ЕДНА НАЦИОНАЛИСТИЧКА СВИЊА СЕ ИСПРАВИ ПРЕД ПРОГРЕСОТ НА НАШАТА ЗЕМЈА: Каменос поднесе оставка, Ципрас ја прифати-ќе се гласа за доверба на Владата!

0
1255
ANA MPA
Коалицискиот партнер во грчката Влада, претседателот на Независни Грци и министер за одбрана на Грција Панос Каменос по средбата со Алексис Ципрас рече дека ја напушта Владата.

-Четири години имаме чесно партнерство … иако дојдовме од различни политички семејства, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас, коментирајќи ја соработката на неговата партија со независните Грци (АНЕЛ) и Каменос, истакнувајќи дека ја прифатил оставката.

Тој му се заблагодари на Каменос за неговиот „незаменлив” придонес во ова време.

Ципрас објави дека веќе контактирал со претседателот на грчкиот Парламент и побарал од него да започне постапка за гласање доверба на Владата, за да може да го заврши својот мандат што му истекува во октомври 2019 година.

Според извори на кои се повикува грчката агенција АНА МПА, процесот околу гласањето доверба на грчката влада би започнал во вторник, а би финиширал во четврток, кога ќе биде јасно дали Ципрас го има мнозинството за опстанок на неговата влада и за ратификација на Спогодбата од Преспа.

Токму донесувањето на уставните измени во македонскиот парламент, беше главна причина Каменос да ја напушти коалиционата влада, бидејќи уште претходно изјавуваше дека за него спогодбата од Преспа е неприфатлива.

Деталите Каменос ги соопшти на прес-конференција  на која повтори дека за него и неговата партија АНЕЛ е неприфатлив термин Македонија. Ова е единствената причина поради која АНЕЛ ја напушта владата и тоа денеска му го соопштив на премиерот Ципрас, рече Каменос.
Каменос исто така кажа дека пратениците од неговата партија нема да гласаат за доверба на Владата на Ципрас