УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ЛАЖНА ВЕСТ ЈА ИЗМАНИПУЛИРА ЈАВНОСТА : Груби не преведувал во „Жолтата куќа“, Груби преведувал во истрагата на Хашкиот трибунал за „Жолтата куќа“!!!

0
873

Вчера се деси една голема забуна во мк медиумите затоа што лидерот на ДУИ беше лошо преведен, првичната вест одеше вака:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на ТВ 21 рече дека првиот вицепремиер Артан Груби имал само улога на преведувач во таканаречената „Жолта куќа“ на Косово.

-Ништо повеќе од тоа – рече Ахмети, додавајќи дека не му е пријатен нападот врз тогашната ОНА која, според него, се борела за права и слобода на Албанците во Косово.

Тој истакна дека верува во меѓународната правда и дека, како што рече, обвинетите поранешни команданти на УЧК ќе ја докажат невиноста.

Но реалноста била дека Ахмети изјавил дека Груби преведувал во истрагата а не во Жолтата Куќа додека наводно се правеле операциите за вадење човечки органи. Сепак денеска работите се исправија откако на твитер тргнаа милион вицеви на сметка на вице премиерот Груби.