На денешната седница на Македонски Телеком беа избрани двајца нови членови кои ќе бидат дел од Одборот на Директори.
Се работи за Владимир Здравев и Андреа Шаги, а тие се избрани по оставката на Мелинда Модок.
Нивниот мандат ќе има важност од 4 години.
Инаку, Здравев беше претседател на Советот на општина Центар, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во минатиот мандат. Тој истовремено беше и директор на МЕПСО, но од оваа функција мораше да се откаже поради судирот на интереси, на барање на Антикорупциската комисија.