УШТЕ ЕДЕН ЗЕМЈОТРЕС ПОЧУВСТВУВАН ВО ДЕЛЧЕВО, БЕРОВО И ПЕХЧЕВО

0
734

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML4.2 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, е почувствуван вечерва во 18 часот и 31 минута во Делчево, Берово и Пехчево.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека земјотресот е регистриран на 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од пограничното епицентрално подрачје Пехчево-Кресна.

Ова е втор земјотрес денеска што потекнува од епицентрално подрачје Пехчево-Кресна. Првиот беше регистриран изутрината во 6:36 часот и беше со Рихтерова локална магнитуда ML 2.8 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.