УШТЕ ЕДЕН ДОКАЗ ЗОШТО МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ Е МОБИЛЕН СТОЖЕР НА ГРУЈО И РЕЖИМОТ : Eкс министерот за образование и советник во кабинетот на Грујо кој правел партиски чистки во УКИМ, Панче Кралев избран за член на Одборот директори на Македонски телеком

0
1135

На денешната седница годишното собрание на Македонски телеком ги избра Панче Кралев, Небојша Стајковиќ и Мелинда Модок за неизвршни членови на Одборот директори на Македонски Телеком, додека Петер Жом е избран за независен неизвршен член на Одборот директори. Собранието на седницата ја констатираше оставката на Томас Панханс, од позицијата неизвршен член на Одборот директори на Македонски Телеком, со важност почнувајќи од 15.04.2015 година.

kralev

Кралев беше министер за образование во владата на премиерот Никола Груевски, а според вчерашните објавени снимки од телефонски разговори, и тој учествувал во партиски вработувања на асистенти на факултети, истовремено вршејќи упад во автономијата на универзитетот.

Собранието го одобри и работењето на членовите на Одборот директори на Македонски Телеком за 2014 година, a го усвои и Годишниот извештај за работењето на секторот за интерна ревизија на друштвото за 2014 година.

Одлучено е Македонски телеком за минатата година да исплати дивиденда во вкупен бруто износ од 2.262.857.170 денари, односно по 26,23 денари за акција.

Право на дивиденда за 2014 година имаат сите акционери кои ќе бидат евидентирани во Книгата на акционери на Македонски Телеком АД – Скопје на ден 04.05.2015 година. Акционер во Македонски телеком е и државата која поседува 38,68 од акциите.

На седницата, собранието одобри склучување рамковен договор за заем помеѓу Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија со максимален износ од 615 милиони денари со девизна клаузула по комерцијални услови, со рок на враќање најдоцна до 31 декември 2015 година.