УЧЕТЕ МЛАДИ НОВИНАРИ КАКО СЕ КРЕИРА ВЛИЈАНИЕ СО ЛИГАВЕЊЕ И УМИЛКУВАЊЕ КАКО КУТРЕ ЗА КОСКА : ГЕРО И СЕ НУДИ НА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА – ДРАГА АНГЕЛА, ОТКАКО НЕ МЕ ВИКААТ ВО АМБАСАДАТА НА КАФЕ, НА МАКЕДОНИЈА НЕ И ОДИ ДОБРО!

0
668

Колумна на Саше Ивановски Политико, ставовите подолу се лични ставови на уредникот на Мактел.мк

Уредникот на Плусинфо е неверојатна појава, човечка но особено новинарска. Значи он е болен за тоа некој да го викне на кафе за он да дели памет, да влијае, да лобира, да креира он стратегии, да се наметне како некој фактор, опседнат е со тоа, 24/7 мисли само на тоа, за него влијанието и моќта се како воздух без тоа не може да опстане, ќе цркне без тоа. Пред некој ден му се понуди на премиерот Ковачевски со изговор дека лоши му биле советниците да си најде подобри, ВИНК ВИНК, демек еве сум ја земи ме мене. Сега исто и пишува километарска колумна на Ангела Агелар, новата американска амбасадорка:

  • Драга Ангела, 10 години не сум поканет на кафе во амбасадата, таму одат лоши брифери кои не ви ја кажуваат вистината, време е да ме поканите за да ви стане јасно што се случува во земјата. – парафразирано ова и го пишува Геро во колумна на Плусинфо.

Демек од толку шпиони на ЦИА во земјава, од толку многу активисти аналитичари новинари политичари само Геро знаел што точно се дешава, сите други биле шушумиги, неверојатен е Геро, господ му зел како и на сите нас нели во некои човечки квалитети ама за тоа пак он сам си земал компензација во вид на  неверојатен талент да плете мрежи и интриги и да се бута секаде во секоја манџа и богами за тоа му нема рамен, само Срѓан Ќерим, Ристо Никовски, Александар Дамовски му се каква таква конкуренција и донекаде Ивица Боцевски. Таа е таа пеколна петорка на македонски угнетувачи и ненадминати гмизавци ама Геро е шампион!

За Геро новинарството не е како да го информираш народот па дури не е ни некаква битка за остварување на лична идеолошка агенда туку на него му е важно он да е на масата, он да биде на едно метро до оние што ја држат моќта, за да може од тоа влијание и он да црпи некаква корист, само во тоа му е целото внимание и опседнатост и е спремен да оди преку лешеви за да го оствари тоа, неверојатна лекција за сите млади новинар, еве како да правите ако сакате 30 години да бидете уредници на медиуми големи и мали и да бидете везден по емисии и да делите памет а притоа да ви биде полно џепчето со парички да крцкаат паричките што би рекла Јанкуловска.