Ученици од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ на пракса во прилепската трафостаница на МЕПСО

0
1488

Првпат, група средношколци од средното техничко училиште „Ристе Ристески – Ричко“ од Прилеп остваруваат десетдневна феријална пракса во трафостаницата на МЕПСО во овој град. Меморандумот за соработката што, неодамна, го склучија МЕПСО и училиштето е основа за плодна меѓусебна соработка од која еден аспект е практичната настава за учениците од електротехничката струка. Освен праксата МЕПСО отвори можност за донации во проекти кои го унапредуваат образовниот процес, а се разгледуваат и опциите за донирање високонапонска опрема во функција на нагледни средства за училиштето.

Учениците ќе добијат практични знаења од предметот „Разводни постројки“ кои ќе им ги пренесат искусните стручни лица кои работата во трафостаницат „Прилеп“. Ова е дел од проектот на МЕПСО во сегментот на општествена одговорност со кој се афирмира електротехничката струка во средните училишта во шест градовите во кои МЕПСО има свои трафостаници.

Дополнително и особено значајно за подобрување на квалитетот на практичната настава за учениците е можноста, во претстојната учебна година, да ги следат активностите на модернизацијата на трафостаницата „Прилеп“.  Имено, како што веќе објавивме МЕПСО склучи договор за модернизација на трафостаницата „Прилеп“која вклучува промена со нова на високонапонска опрема што е во функција 40 години. Станува збор за вградување на нови прекинувачи, разделници и мерни трансформатори  и нова опрема за контрола и далечинско управување со трафостаницата, нов системи за мерење електрична енергија и  нов систем за релејна заштита. Вредноста на овој проект е 1,1 милиони евра, а изведувачи „Кончар КЕТ“ од Хрватска и домашната компанија „Елтек“. Овој проект ќе овозможи Прилеп и неговата околина да добијат стабилно и сигурно снабдување со квалитетна електрична енергија во наредните 20 години