УТРЕ, ПОНЕДЕЛНИК, 16-ТИ МАЈ, МВР ЌЕ ВЕЖБА ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА АМЕРИКАНСКА АМБАСАДА, УЛИЦИТЕ ОКОЛУ КАЛЕТО ЌЕ БИДАТ ЗАТВОРЕНИ ОД 9.30 ДО 12 ЧАСОТ

0
558

Известување за посебен режим на сообраќај во Скопје на 16 мај (понеделник)

На 16.05.2022 година (понеделник), во периодот од 09.30 до 12.00 часот, од страна на Министерството за внатрешни работи, во координација со Амбасадата на САД, ќе се спроведе оперативно-тактичка вежба, при што за сообраќај ќе бидат затворени ул.„Лазар Личеновски“, ул.„Самоилова“ и бул.„Никола Карев“, на потегот од ул.„Македонско-косовска бригада“ до ул.„8 Септември“ во Скопје.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива вежбата.