Утре во 13.30 седница на Советот за безбедност – одлука за вонредната состојба

0
716

Во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ утре со почеток во 13:30 часот ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски, ќе присуствува д-р Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести.

По завршувањето на седницата, информираат од прес-службата на Кабинетот на претседателот, Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на Јутјуб каналот на шефот на државата.

Во согласност со препораките за заштита од КОВИД-19, се посочува во соопштението, изјавата на претседателот Пендаровски ќе се реализира на отворено на платото пред „Вила Водно“.

Се очекува на седницата да се расправа за евентуално продолжување на вонредната состојба, врз основа на предлог на Владата, која својот став го прецизира на седницата што се одржа вчера попладне.