УТРЕ ВО КОСОВО Е ПРОГЛАСЕН ДЕН НА ЖАЛОСТ ПОРАДИ ЖРТВИТЕ ОД РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СООБРАЌАЈНАТА НЕСРЕЌА ВО БУГАРИЈА

0
534

Косовската претседателка Вјоса Османи денеска донесе одлука 24 ноември да го прогласи за ден на жалост во знак на почит кон граѓаните на Северна Македонија кои загинаа во автобуската несреќа во Бугарија, главно македонски Албанци.

Најмалку 46 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај селото Боснек, југозападно од Софија. Меѓу жртвите има и 12 деца.

Седум патници од автобусот се повредени и пренесени во болница во Софија и тие не се во животна опасност.

Косовскиот државен врв изрази сочувство до највисоките македонски претставници и до семејствата на загинатите.