Успешно спроведена акцијата за чистење на Прилеп и неговата околина

0
1126

Дождливото време не беше пречка акцијата за чистење на градот и неговата околина да биде успешно реализирана. Администрацијата, јавните комунални претпријатија, вработените во неколку градежни фирми кои на терен излегоа со целокупната расположива механизација, заедно со поголем број на граѓани покажаа висок степен на еколошка свест и со успех ја спроведоа иницијативата на Владата за чистење на животната средина.

Согласно претходно направениот план, со чистењето беа опфатени локациите посочени од страна на ЈКП „Комуналец“. Се чистеа диви депонии, просторот околу магистралниот пат Прилеп-Битола, регионалниот Прилеп-Градско и неколку локални патишта.

Градежната механизација работеше на расчистување на дивите депонии над касарната „Мирче Ацев“ и ИКТ центарот, патот од бензинската „Лукоил“ до клучката кај хотел „Салида“, како и на потегот од „Склештен мост“ до излезот кај фабриката „Милина“. Исто така, градежната механизација беше ангажирана и за чистење на Дабнички канал, непосредната околина на црквата во населбата Точила и новите градски гробишта.

Целосно се исчисти просторот од прилепската касарна па се’ до чешмата кај вештачкото езеро, патот и околината на манастирот кај село Селце, обиколницата кај Фабриката за цигари, просторот кај старите градски гробишта, а беа исчистени и повеќе други локации во градот и неговата блиска околина.