УПОЗ: Со документ без печат прават притисоци за прекин на штрајкот

0
1201

Соопштение на Синдикатот на УПОЗ:

Претседателите на апелационите судови во Р. Македонија и претседателите на основните судови со проширена надлежност и покрај тоа што до сега истакнуваа поддршка на штрајкувачите и барањето истакнато со штрајкот, вчера (14.06.2016 година), одржале работна средба на која што донеле заклучок во кој што своеволно и без консултација и учество на Синдикатот на УПОЗ и ЗСА буквално навеле дека за време на штрајк треба да се работат скоро 90% од сите постапки во судовите.

Бидејќи заклучокот од тој состанок кој се одржал во Судскиот совет нема печат, ни штембил туку само потписи се поставува прашањето, дали истиот е законски и дали таквиот заклучок може да биде задолжителен за штрајкувачите бидејќи не е донесен од институција која е надлежна за судството.

Во текот на денешниот ден во сите судови во Р. Македонија се одржуваат колегиуми помеѓу претседателите на судовите и судиите. По завршувањето на колегиумите судиите ќе мораат да го спроведат заклучокот, а доколку судските службеници не ги работат постапките кои се наведени во заклучокот ќе добијат дисциплински постапки. Ваквата ситуација може да создаде конфликти помеѓу штрајкувачите и судиите, а штрајкувачите се се повеќе иритирани.

Иако Европската федерација на синдикати од јавниот сектор (ЕПСУ) упати писма до Министерот за правда и Владата на Р. Македонија во кои им се укажува за потребата за одпочнување преговори, наместо преговори добивме уште еден директен обид за кршење на штрајкот.

Вавките постапки на претседателите на судовте се спротивни на член 238 од Законот за работни односи каде што е наведено дека: „на предлог на работодавачот, синдикатот и работодавачот спогодбено подготвува и донесува правила за произволно одржувачки и нужни работи кои не смеат да се прекинуваат за време на штрајк“.Односно, работодавачите не смеат без Синдикатот своеволно да определуваат кои работи не смеата да се прекинуваат за време на штрајк.

За ваквата ситуација Синдикатот ја извести и Меѓународната организација на трудот (МОТ) од каде што сме известени дека со ваквите постапки работодавачите постапуваа спротивно на позитивните законски норми и дека не смеат истото да го прават без учество на Синдикатот.

Затоа, Синдикатот на УПОЗ и ЗСА ќе поднесат тужба да МОТ.