УМС на ВМРО-НП и ОММ: Според Донтов модел не се бираат подмладоци за дебата

0
950
Овој викенд во Маврово се одржа третиот модул од Академијата за јавни политики во организација на ИФЕС и НМСМ.

Во рамките на проектот се подготвуваат кратки документи за политика, со цел истите да прераснат во иницијативи за спроведување на политики.

На тоа реагираа од УМС на ВМРО НП и младинската организација на Обединети за Македонија на тоа дека според правилата, можело да учествуваат само подмладоци на партии кои имаат повеќе од два пратеника.

Дино Блажески, Претседател на УМС на ВМРО НП на социјалните мрежи напиша реакција:

Пред шест-седум години како млади тргнавме во беспоштедна борба за гласот и моќта на младинската мисла во време кое сите ние знаевме какво беше особено кога во центар на вниманието беа младите.

Тогаш сето визионерство или сонот или пак идејата врз која лежеше борбата беше да се сруши кинескиот ѕид околу младите и да им се даде или отвори простор и тие да кажат, понудат, направат своја политика.

Се сеќавам огромни напори беа спроведени од скоро сите партиски подмладоци кои патем без разлика на која страна и боја тераат сите до еден имаа една и единствена усогласена цел, наспроти НВО секторот кој важеше за несфатениот партнер во целиот тој процес особено бидејќи немаше поим како всушност функционираат најголемите организации со млади, за млади или на млади во Македонија.

Нејсе…Се правеа отстапки, се жртвуваше, се влегуваше во отворена борба преку дебата секако, помеѓу сите расположливи страни за сега после толку време истите тие несфатени партнери ги делат младите повторно како и тогаш пред неколку години.

Еден сојуз на организации велеше „ние сме линкот до сите млади“ или „градиме политики за сите млади“ кои млади?

Со четири подмладоци не се гради политика за сите млади, сеуште ли не Ви е јасно?! Зарем мора секојпат да се повторуваме едно те исто за да Вие научите дека во Македонија младите не се претставуваат само преку четири партиски подмладоци?
Зарем повторно ќе калкулираме со тоа „кој треба, а кој не“ да присуствува на секакви процеси во кои вклучува изградба на политика од која пак треба фајде да видат СИТЕ МЛАДИ?

Срам ме јаде што од толку „освестени“ активисти не се најде ниту еден да посочи вакво нешто, дека не се четири структури градители на политиките и јавното мислење во државава.

Секоја чест на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ или на СДММ – Социјалдемократска Младина на Македонија немам зошто да не ги споменам и тие учествуваа тогаш во напорите да се слушне гласот на младите, потоа Нова социјалдемократска младина ама господа од IFES па и од „министерство за млади да бидам“ Национален младински совет на Македонија – НМСМ / NYCM / KRNM Македонија колку што знам колку толку е демократска држава во која секој младинец, а ги има многу, може сам да одлучи во кој партиски подмладок или друга младинска организација да учествува, гради политики, дига глас, немој да ми речете дека не знаевте оти во Македонија има околу 25 политички партии со уште толку партиски подмладоци, нели е срамно и жално да се повикувате на четири организации, подмладоци, а да сонувате за политики за СИТЕ МЛАДИ?!

Колку што бев информиран изостанале партнерите на Национален младински совет на Македонија (министерството) од Обединети за Македонија но и МОДОМ што е чудно.
Кај се Унија на млади сили на ВМРО-Народна партија кај се Демократски Сојуз Млади, кај се подмладоците на албанските политички партии, кај се турските, ромските, бошњачките и српските, па вака ли ќе градиме политики за млади?!
Секаков документ кој произлегува од тој Ваш собир таму е ништовен кога еве веќе знаеме дека ни 5% од младинските организации и подмладоци не учествуваат во креирањето на политиките за СИТЕ МЛАДИ.

Убав престој во Маврово, барем Македонија има што да понуди од природа, одморете па кога ќе бидете спремни за креирање политики, јавете се, не е срамота.
Реагираше и Ѓорѓи Станковски, Претседател на младинската организација на

Обединети за Македонија:

Според Донтов модел не се бираат подмладоци за дебата од кои една би била за РЕФОРМИ во изборен модел.

По таа логика, партија привезок со 1050 гласа, може да “ишлепа” со поголемите и да добие два пратеника, па да учестува на дебатата.

Сите заклучоци од модулот се нетранспарентни и не ги претставуваат ставовите на другите политички подмладоци.