УБК ПРЕТВОРЕНА ВО КРИМИНАЛНО ДУВЛО ЗА КРАДЕЊЕ НА ПАРИ ОД ГРАЃАНИТЕ: За одржување на опрема вредна еден денар месечно плаќале ФРАПАНТНИ 30 илјади евра!

0
1372

Првата истрага на Специјалното обвинителство за економски криминал, која специјалната обвинителка Катица Јанева денеска ја претстави со кодно име “Трезор“, сомничи три високопозиционирани  лица од Управата за безбедност и контраразузнавање и едно раководно лице од МВР  за нелегална набавка на комуникациска и електронска опрема за потребите на Петтата управа во МВР, кои потоа со измислување потреба за нејзино одржување, за лично богатење, Буџетот го оштетиле за повеќе од 862.000 евра.sjo-pres-shema

Вториот дел од истрагата што ја поведе СЈО, се однесува на изрежирано одржување на таа опрема, која во МВР веќе била нефункционална, поради софтверска и хардверска застареност, и проценета на  1 денар.  Така, како што посочи Фетаи, за британската опрема вредна еден денар, месечно од МВР се одлевале по 30.000 евра на истата фирма Финзи, се до смртта на управителот Коста Крпач, кога МВР еднострано го поништило  договорот за одржување.

Уште во декември 2011 година тројцата осомничени од УБК му наредиле на четврто осомничениот од МВР, кој патем, како што рече и Фетаи, е и сведок во оваа истрага, да измисли дека потребно е британската опрема и да се одржува. Во периодот од 2011 до 2012 година, со анексот на  договорот на МВР со Финзи Дооел Скопје, со управителот Крпач, на  Финзи нелегално и се исплаќаат од МВР 215.000 евра, а за целосно каско одржување на нефункционалната опрема, проценета на 1 денар,  во текот на девет месеци, се до смртта на Коста Крпач, на неговата сметка МВР исплатило уште 285.000 евра.

ФОТО: СДК