УБАВИ ВЕСТИ ОД БРАЌАТА ХОЛАНЃАНИ – Позитивен извештај од Холандија: Северна Македонија постигна дополнителен напредок за преговори со ЕУ

0
1160

По извештајот на Европската комисија, во кој позитивно беа оценети реформите во правосудството, позитивен извештај стигна и од делегацијата на Постојаниот комитет за европски прашања на претставничкиот дом на Кралството Холандија, која ја посети земјава во февруари годинава.

Од последната посета во мај 2019 година известувачот констатира дека Северна Македонија постигнала дополнителен напредок кон почнување на преговорите за пристап во ЕУ.

Во извештајот е нотирано дека Северна Македонија има постигнато голем напредок во приспособувањето на домашната политика и законодавството во согласност со правото на ЕУ. Извештајот потенцира дека околу 34 проценти од европските правила од регулативите и директивите во областа на правдата и внатрешните работи се веќе имплементирани во домашното законодавство. Исто така, во извештајот се констатира дека во Република Северна Македонија се забележани суштинска мотивација и убедлива посветеност на реформите од страна на власта.

Според известувачот, усвојувањето на законот за Јавното обвинителство е импресивен резултат, кој овозможил продолжување на истрагите, но и дека законот не содржи скриена амнестија, која ќе им овозможи на одредени (поранешни) политичари да избегнат истрага.

Овој позитивен извештај се очекува да биде основа на дискусијата во холандскиот парламент за проширувањето на ЕУ на Балканот. Извештајот е објавен на веб-страницата на претставничкиот дом на Холандија.