УБАВИ ВЕСТИ ОД БРАТСКА СОФИЈА : БУГАРСКАТА ЦРКВА ЈА ПРИЗНА МПЦ

0
851

-Денеска на свoето заседание, во полн состав, Светиот Синод ги разгледа писмата на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и Српскиот патријарх Порфириј во врска со каноничниот статус на Православната црква на С. Македонија и по спроведеното гласање одлучи: Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија со благодарност кон Бога и духовна радост ги прифаќа решенијата за подигање на шизмата и влегува во канонско и евхаристичко општење со Православната црква на Северна Македонија. Прашањето за името на Православната црква на Северна Македонија треба да иде дополнително разгледано, стои во соопштението на БПЦ.

Со ова практично Бугарската црква е четвртата црква во Православниот свет, која донесе одлука за сослужување со МПЦ-ОА, по Вселенската Патријаршија, Српската црква и Грчката (која ја поздрави одлуката). Кога ќе се случи првото официјално сослужување меѓи МПЦ-ОА и БПЦ, засега нема најава објави порталот Религија МК.