ТХП: Синоќешната фарса наречена “Отчет“ е уште еден неуспешен обид да се понижи интелигенцијата на македонската јавност

0
1002

„Додека ги одбројува своите последни денови од политичката кариера, Никола Груевски залудно се обидува да ги излажа граѓаните и само се бламира.

Имено, синоќешната фарса наречена “Отчет“ е уште еден неуспешен обид да се понижи интелигенцијата на македонската јавност.

Партијата за Движење на Турците (ТХП) смета дека Никола Груевски во изминативе 10 години нанесе огромни повреди на демократијата, правдата, економијата и мултикултурализмот. Сакаме да потсетиме дека владеачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ во изминатава декада потроши повеќе од 25 милијарди евра, но турската етничка заедница беше заборавена и оставена да егзистира на маргините од ова општество.

Бевме сведоци како за Груевски дури и опашката на Букефалот е повредна од целокупната турска заедница во Македонија.

Затоа сме убедени дека отчетот на Никола Груевски за Турците во Македонија е уште една фантомска реалност, која веќе е прочитана.

Граѓаните веќе се сити на фантомски гласачи, проекти, инвеститори, бројки. Груевизмот е демаскиран“, се вели во соопштението на Партијата за Движење на Турците во Македонија – ТХП.