Туфегџиќ: Во извештајот на ЕК се констатирани подобрувања кај човековите права и условите за работа

0
957

Постигнатиот напредок во реформите е признаен и соодветно вреднуван од страна на Европската комисија.
Добвме најпозитивен извештај и безусловна препорака за почеток на преговорите со ЕУ, изјави пратеничката од СДСМ, Ивана Туфегџиќ.

Таа рече дека како што е наведено во Извештајот, во областа на заштита на основите човекови права и слободи, направен е добар прогрес и констатирано е дека е зголемена заштитата од говор на омраза и дискриминација.

„Правната рамка е подобрена со усвојувањето на измените на Кривичниот Законик како и и усвојувањето на Законот за спречување на и заштита од дискриминација, и усвојувањето на националниот акционен план за имплементација на Истанбулската Конвенција. За секое демократско општество, правата на граѓаните, почитувањето и негувањето на различностите се исклучително важни“, рече Туфегџиќ.

Додаде дека во Извештајот се наведува и дека условите за работа на граѓанското општество продолжиле да се подобруваат, преку нивното директно учество во креирање на политики и во законодавниот процес.

„Граѓанскиот сектор е многу важен фактор кој учествува во процесите за подобрување на животот на граѓаните и функционалноста на институциите, но и во креирањето на квалитетни политики“, вели пратеничката од СДСМ.

Во однос на младинските политики, како што додаде Туфегџиќ,  Европската комисија ја поздравува мерката „Гаранцијата за млади“ што Македонија ја спроведува како важен и позитивен чекор за намалување на младинската невработеност во земјата.

„Преку оваа мерка, која минатата година беше во фаза во неколку општини, се вработија 1.839 млади лица.
Ги повикуваме, сите политички чинители, и граѓанското општество, да продолжиме да работиме заедно на реформите бидејќи не чека многу работа, не само заради евроинтегративниот процес, туку поради тоа што граѓаните го бараат тоа од нас“, изјаи Туфегџиќ.