Туск: Скопје е местото од кое ги повикувам европските лидери, вие сторивте се, сега се тие на ред

0
713

Председателот на Европскиот совет Доналд Туск на заедничката прес конференција со премиерот Заев во Скопје ги повика лидерите на земјите членки на ЕУ следниот месец да дадат зелено светло на земјата за почеток на преговорите за нејзино пристапување во ЕУ.

Скопје своето го направи и од овде ги повикувам европските лидери, сега се тие на ред, рече Туск во пресрет на октомврискиот состанок на ЕК која требе да одобри датум на Македонија за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Туск искажа увереност дека следниот месец и европската комисија на 15 ти и Советот на Европа на 17 ти ке објават датум за старт на преговорите.