Турција ја укина рестрикцијата за влез на странци, ќе прават тестови на трошок на земјата

0
969

Турција ја укина рестрикцијата за влез на странци во земјата. По слетување на авионите на аеродромите, пред пасошката контрола патниците ќе поминуваат здравствена контрола.

Само оние кај кои има сомнеж за здравствената состојба ќе бидат тестирани за Covid-19 (PCR test). Тестот нема да биде на терет на патникот, туку ќе биде на трошок на Република Турција.

Во случај патникот да е позитивен, грижата за него ја превзема Министерството за здравство на Република Турција.