Турција ги критикува САД за достава на оружје во Сирија

0
1106

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу се пожали до амбасадорот на САД за извештаите за можната помош во оружје за курдските сили во Сирија, кои се поврзани со курдските бунтовници во Турција.

Давутоглу денеска изјави дека постои ризик таквото оружје да падне во рацете на Курдската работничка партија ПКК и да биде користено против Турција. Локален курдски претставник изјави дека САД доставиле 120 тини оружје и муниција за курдската милиција во Сирија, која се бори против групата на Исламската држава. Армијата на САД не ја потврди доставата на оружјето и муницијата.

Давутоглу додаде: „Турција не може да прифати било каква соработка со терористички организации кои објавиле војна против Турција.