ТРИЧКО : ЧЕСТИТКИ ЗА ФРЧКОВСКИ, БРАВО ЗА ПЕНДАРОВСКИ, ВМРОВЦИТЕ СЕ ПОРАЗЕНИ, РЕШАВАЈЌИ СЕ ЗА БЛОКАДА НА ИМЕНУВАЊЕТО НА ФРЧКОВСКИ, ПРВО ЗА АМБАСАДОР ВО САД ПОТОА ЗА ОН, ВМРОВЦИТЕ УПРОПАСТИЈА НЕ МАЛКУ ЕЛЕМЕНТИ ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА МАКЕДОНИЈА

0
1063
Честитки за Фрчковски

Му го честитам на професорот Фрчковски амбасадорското место во Обединетите нации. Не гледам човек кој подобро би ја претставувал Северна Македонија на така важна позиција, особено во вакви драматични околности во врска со руската инвазија и сите импликации што можат да го снајдат светот. Му посакувам успешен мандат. Кој нема да биде сосема успешен ако не не угости мене и Рафе на некоја конференција за перспективите на мирот и на војната.

Хахаха.

Му честитам и на претседателот Пендаровски кој имаше трпение да ги поднесува кочењата на сопствените овластувања од страна на една собраниска будала во улогата на непријателски диверзант во надворешната политика на Македонија и на Македонија како целина и да го потпише указот за назначувањето на Фрчковски и покрај сите опструкции на малиот алопециран твор на вмро-дпмне.

Решавајки се за блокада на именувањето на Фрчковски, прво за амбасадор во САД, а потоа и во ОН, вмро-дпмне упропастија не малку елементи од надворешната политика на Македонија, од застапеноста на државата на светско ниво, од спокојството на професорот, се обидоа да го дискредитираат и претседателот, за на крајот да завршат во својата најомилена поза, таа на поразениот субјект.

Им честитам и на нив.
Фејсбук статус на Бранко Тричковски.