ТРИЧКО : Адиос Геро, се надевам дека некоја слична метла ќе ги зафати сите медиуми, сите мораат да најдат сили и форми да ги тргнат своите геровци!

0
1655

Адио, Геро!

Значи, јас и читателите, не сме биле единствени кои не се согласувале со уредувачката политика на “Слободен печат”, сериозни, дури може да се каже, многу сериозни забелешки, имале и сопствениците, односно раководството на весникот и на фирмата што го издава.
Тоа многу прецизно се гледа од оставката на главниот уредник Геровски, која во тоа светло изгледа како гест кој е предизвикан од неодржливоста на неговата позиција.

Можеби и како чин со кој е предухитрен актот на разрешувањето.
Сакам да укажам на уште една работа: Геровски се лаже ако мисли дека тој заминува од функцијата со високи износи на моралната супериорност во отпремнинскиот пакет. Не, тој заминува поразен не само како професионалец, уредник и новинар, туку и како личност, односно во пакет со моралните димензии на својот пораз.

Јас соработував со Геровски, три години, добро, две години без идентификација со весникот, односно отсечка во која останав да го користам “Слободен печат” само како платформа за своите колумни. Со повремени конфронтации, главно предизвикувани од негова страна, при што најсилен впечаток ми оставаше со неверојатната неспособност да не ги разбира моите текстови, ставови и стремежи, односно со моќта да ги чита апсолутно погрешно. И да се заебава со мојот стил како апсолутно недораснат за такво ниво на расправа.
Но, моите оценки не произлегуваат од тој судир, туку од вредноста на неговите погледи на поширокиот политички и општествен контекст. На чуден начин, исполнети со негативизам, сеирџиство и злоба и дибековски напади врз власта како Попај за себе и по себе или, дури, за нејзино уривање, а не подобрувањене.

Во генерална линија тој дозволи да се случи тоа против што се бореше во финишот на фашистичката диктатура на Груевски: пола простор на Евреите, пола простор за Нацистите. Против главните точки на македонската еманципација: преговорите со Грција, договорот од Преспа, уставните промени, новото име, идентитетот во тој контекст, СЈО итн.

Јавнат од својот ментор, уште една слободарска величина залутана во сферата на сопствената негација, на негацијата на себе и на своето интелектуално, професионално и морално портфолио. Кој со своите инсталации во медиумскиот и културниот сектор се однесува како Груевски во институционалниот поредок.
За Владе Милчин, говориме.

За плачипичествата за идентитот и за јазикот кои исчезнуваат во нивните проекции, но опстојуваат во животот и нив ги исфрлаат како непознати животинки во песокот на Историјата.

Сево ова не ги негира заслугите на Геро за развојот на “Слобооден печат” и на медиумскиот простор во Македонија. Тие аспекти беа причина пред година, година ипол, да се потпишам под неговата кандидатура за наградата за животно дело, “Крсте Мисирков”, мислам дека се викаше. Но, и катастрофата во медиумскиот сектор е дел од неговото наследство.
Тоа е.

Се надевам дека некоја слична метла ќе ги зафати сите медиуми. Таму е епицентарот на македонската заглупавувачка драма.
Сите мораат да најдат сили и форми да ги тргнат своите геровци.

Фејсбук статус на Бранко Тричковски