ТРИЧКО: ЗОКИ И ЦИПРАС СТВАРНО ЗАСЛУЖУВААТ НОБЕЛОВА НАГРАДА!

0
1475
Нова иднина

Историска посета на Ципрас. 

Знам дека фразата за историчноста е прилично избанализирана, но во овој сучај навистина станува збор за пометсување на планините што до вчера стоеја меѓу Грција и Северна Македонија. Тие планини беа и грчки проблеми, но уште повеќе беа проблеми на Северна Македонија. Истовремено тие пречки стигнаа да израснат во сериозен геополитички проблем и проблем на европската надворешна и интеграциска политика.
Го споделувам ставот на Ципрас и на Заев дека позитивните реперкусии на договорот од Преспа, порано или подоцна, ќе ги олабават резервите кај опозициите во двете држави и дека во крајна линија и тие ќе се приклучат во поддршката на овој историски документ. Тоа нема да биде лесно, но друг пат нема ниту за државите, ниту за народите, ниту пак за сегашните опозиции.
Национализмите се погубни. Само нации и држави со отворени крилја имаат перспективи, не оние што се собираат во стравот од другиот и во сопствената хистерија. Ова е тоа:Грција ги отвора своите крила и ја потврдува својата лидерска позиција во регионот, а Северна Македонија ја откочува својата перспектива како достојна членка на европското семејство преку скорешното членство во НАТО, преговорите за членство во ЕУ, потврдениот национален идентитет во нов, релевантен меѓународен контекст и отворените порти за интензивен економски развој.
Додека ги гледав Заев и Ципрас и целиот тој возбудлив протокол и политички спектакл, јас се чувствува како човек кој по долго талкање низ вмровските мочуришта, конечно излегол на асфалт. И тоа на патот кој води директно во Брисел и во светлата иднина за мојата земја и за мојот народ.
Навистина се за Нобел!
Мислам на господата од фоткава.
Фејсбук статус на Бранко Тричковски