ТРИЧКО ЗА СЕРО : КИКИФРИКИ Е МЕТАФОРА НА ЗЛОТО

0
863

Разговор со инспекторот за насилен криминал

Инспекторот: На кого се однесува статусот “Кикифрики ќе го бесиме”?
Тричковски: На Кикифрики.
Инспекторот: А кој е Кикифрики?
Тричковски: Кикифрики е метафора на злото, на сите луѓе кои од лични или партиски интереси, бесплатно или за пари, при свест или со замрачена свест, со потисната совест или без неа, прават штети врз општото добро, зло врз Македонија.

Инспекторот: Зошто, ако е така, за овој статус ве тужи Бранислав Геровски.
Тричковски: Веројатно затоа што оправдано се пронашол себе и своето недело, да не речам срање, во општата именка на македонската несреќа.

Инспекторот: Благодарам на соработката.
Тричковски: Молам, ми беше драго да учествувам во демонстрацијата на правната држава и во разобличувањето на еден сератор.

После средбата во Полициската станица Кисела вода, отидов во Корзо. Другарите што требаше во знак на поддршка да блокираат пет-шест крстосници, си ги пиеја ракиите. Не, не бев разочаран, глетката ме успокои зашто ми говореше дека на Тричко не му треба подршка за да смачка еден фрфљо на кога плунката не му фрла подалеку од брадата.

Фејсбук статус на Бранко Тричковски.