ТРИЧКО ЖЕСТОКО ГО ЗАЛУПА СЕРО : Оваа фотографија може да биде крунски доказ во судскиот процес што некоја будала може да го покрене против Геронимо

0
1606
Како не го е срамота да вечера со мене!

Оваа фотографија може да биде крунски доказ во судскиот процес што некоја будала може да го покрене против Геронимо: го гледаме во друштво со државниот непријател број еден, со човекот кој сакаше да го убие бившиот претседател, да, и бившиот премиер, како и сегашниот лидер на опозицијата, човекот кој сака да ја смени македонската химна, кој го исмејуваше Илинденското востание и сметаше дека тоа била глупантропска ѓурултија против народот, човекот кој се залагаше за промена на името, а се залага и за промена на писмото и на верата, демек со мојата маленкост, си црцка од вискито како да е Џорџ Клуни втор од горе во десниот ред, а не најсмрдливиот антимакедонски елемент во менделеевиот систем.

Ова е толку компромитантно што будалата што еден ден ќе реши да се забавува со Геронимо во Единица, и не мора задолжително да биде будала!
А има и такви кои велат дека Геронимо може да е или да биде или така да се смета, најзаебаната компромитантна фигура, ако светот стигне да се уреди според неговите стандарди.
Фејсбук статус на Бранко Тричковски