Тричковски : Џабе се бориме против поедини насилници, ако не се бориме против нивната организација. Мораме да им го симнеме тој шинел. Тоа е. Сите вморони, можеби, не се насилници, но сите насилници се вморони!

0
1423

Името на злото

Само во Македонија насилниците си имаат своја партија. Партијата се вика вмро-дпмне. Таа им дава работа, пари, сигурност, статус на неказнивост. Од нивото на злото што го прават зависи нивото на идентификацијата и внатрешниот статус на поединецот според принципот поголемо зло за повисоко место. Криминалот е лигаментот што ги поврзува. И иницијациски елемент за влез во играта.

Добри се овие реакции во врска со заканите што некој лудак и ги упатил на Мери Јордановска, но не забележав дека се инсистира на тоа дека насилникот е манифестација на општото зло, на злото што го инспирира, организира и води споменатата злосторничка инсталација. Која е камуфлирана во политичка партија. Без јасно утврдување на тие релации односно без борба против организираната структура на насилниците, идиотите, простаците, примитивците, фашистите, кои уште претендираат да ја вршат власта и да ги диктирааат вредносните критериуми и ориентации на општеството, нема да имаме вистинско и трајно решение на проблемот. Џабе се бориме против поедини насилници, ако не се бориме против нивната организација. Мораме да им го симнеме тој шинел. Тоа е.

Сите вморони, можеби, не се насилници, но сите насилници се вморони. Добро, не баш сите, ама во умот може да се и повеќе од сите.

Бранко Тричковски