Тричковски : Не му се лутете на Ахмети, да гласаше Владе и на својот глас да им ги додадеше поведенијата и гласовите на Кикифрики или на Софија…

0
871

Пишува: Бранко Тричковски

Не викајте по Али.
Али игра со картите што ги доби на изборите.
Ништо човекот нема украдено.

Еден дел од тие карти му ги доделија Албанците, а другиот дел му ги доделија Македонците.
Да гласаше Владе и на својот глас да им ги додадеше поведенијата и гласовите на Кикифрики или на Софија, која, кога требаше да мисли на Али буричкаше по газот на Рада барајки некаква истост со газот на Гордана, да не беше антизаевистичката хистерија на сите телевизии (Пандов, Сотир, Ристо, Пандов, Сотир, Ристо) и по сите весници, со исклучок на “Слободен печат”, да не беше професорскиот кокошарник од разни Биљани, Ќулафкани, Сузани и Тањи и Гордани, да не беше Дон Геро и неговите рекетарски ветерници, да не беше кретенизмот на нацијата која на џелатите што и ги сликавме со молив и со креда, им додели 44 мандати и воопшто да не беше нејзината неимоверна верба дека вмро ќе ги прероди од човеци во стока, да не беше една третина да се даде на сопствената негација, сега ќе беше друга песна. Во такви околности и ова што го слушаме и што ќе го слушаме е политички вивалди. Голема победа на нормалноста и на Заев. И на Ахмети, се разбира. Престанете да офкате. Не го уценува Али Заев- вие така ги поделивте картите. Подобро е комплетната влада да им се остави на Албанците отколку сдсм и вмро да прават коалиција. Претерувам, се разбира, но само за да го нагласам основниот проблем пред модерна и просперитетна Македонија-вмро.

Во меѓувреме влада ќе се формира точно според волјата на народот изразена на избори. Нели многу го сакавте народот. Е, сега, тоа што вашите погледи се разликуваат од волјата на народот, тоа е друга работа. Не е без врска што во меѓувреме во Куманово доаѓа бригдата на НАТО од Лариса со намера да седи тука најмалку до 2026. Слушам и униформите станале двојазични. Како што и треба. Се надевам дека и на денарите ќе го сретнеме албанскиот јазик. Се надевам дека познавањеро на албанскиот ќе стане услов за вршење на јавна функција. Премиер кој мора да знае албански. И претседател. И пратеник. Ќе мора да излезете од комотната македонистичка позиција која, всушност, ве затапува. Да и албански во училиштата.
Битни се принципите на конституцијата. Тоа што го предложи сдсм е тоа што на Македонија и треба. Мора да се гради свест дека кон остварувањето на тие принципи ќе се оди тешко и бавно затоа што политичката елита и ние како државами нација сме умрежени во многу разгранати интереси.
Прилично сме испокакани.
Морализирањето или инсистирањето на чисти позиции не само што не помага туку може да биде крајно опасна работа.
Тоа е.

Не се секирајте, уште некој ден и Северна Македонија ќе ја добие својата нова нлада.
Вака напнато беше и пред три години.
Се сеќавате, не!