ТРИПУНОВСКИ ДО КОВАЧЕВСКИ : ОЧЕКУВАВ ДЕНЕСКА ДА ИМАШ СРЕДБА СО ЈАБОЛКАРИТЕ, НАМЕСТО ДА ОДИШ НА НАМЕСТЕНИ НАСТАНИ

0
384

Очекував Ковачевски денеска да има средба со јаболко производителите наместо да оди на наместени настани и да се фали колку се “успешни” политиките на владата.

За негова информација, во моментот нема откуп на преспанското јаболко, а и тоа што беше откупено беше по мизерна цена, која не стига за покривање на трошоците за производство, а не пак за животна егзистенција на над стотици семејства.Владата се уште не ги исплатила штетите, ниту пак субвенциите за јаболкарите, а Ковачевски не кажа ниту збор за ова.

Земјоделците се на работ на пропаст со владата на СДС, и наместо Ковачевски да кажува како се трошат европските пари, треба да одговори зошто не се исплатени субвенциите и штетите на јаболко производителите.

Ковачевски и СДС веќе ја немаат поддршката од земјоделците и затоа бегаат од соочување на избори.

Но, на овие штетни и катастрофални политики им доаѓа крајот!!!