ТРИБИНА „РЕЗУЛТАТИ ШТО ПРАВАТ РАЗЛИКА“ : НАД 1.000 СЕМЕЈСТВА ДОБИЈА ЖИВЕАЛИШТЕ ПРЕКУ ИЗГРАДБА НА СОЦИЈАЛНИ СТАНОВИ

0
612
Андреја Серафимовски од Здружението на градежништвото  при СКМ се осврна на влијанието на реализацијата на големите капитални и инфраструктурни проекти во државата врз бизнис заедницата.Ја поздравуваме реализација на вакви големи инфраструктруни поректи, кои истовремено нудат шанса и можност за сите компании да можат да земат учество во реализација не само во овој најголем инфраструктурен проект за изградба на коридорите 8 и 10Д, туку и во секој сериозен проект, да дадат свој придонес за развојот, совладувајќи нови технологии, усвојувајќи нови знаења, подобрувајќи ја својата конкурентност, истакна Серафимовски од Здружението на градежништвото  при СКМ
Серафимовски ги сподели искуствата од соработка со компанијата Бехтел, посочувајќи дека тоа е компанија од која може да се научи, кај која цената не е најважниот фактор за соработка, тука знаењето, квалитетот, а особено роковите и ги повика домашните компании да си го најдат своето место во овој проект.
Серафимоски ја поздрави измената на законската регулатива, за разрешување на проблемите кои се јавуваат при реализација на инфраструктурниуте проекти и истакна дека барање на бизнис заедницата е ова да биде пракса и да се применува кај сите позначајни проекти.
Гордана Кожуваровска од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, се осврна на работата на советот, кој постои повеќе од 60 години и на бројните капмањи што ги спроведува за зголемување на безедбоста на сите учесници во сообраќајот, особено на децата.
Нема цена за ни еден човечки живот, затоа го поддржувам и се надевам дека успешно ќе заврши овој проект што е започнат, за инфраструктурните проекти, за изградба на коридорите, истакна Кожуваровска од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Директорот на акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (АДССДП) Зоран Ѓоргијев, пред учесниците на трибината, нагласи дека АДССДП може да се пофали со огромни, реални видливи, суштински резултати, што прават разлика.
Со одговорен пристап и решителност имаме 1000 семејста од ранливите категории, на кои државата им го решила проблемот за обезбедување на живеалиште, рече Ѓоргијев, додавајќи дека речиси е готов најголемиот проект за изградба на 312 станови во Бутел, во Велес е изградена зграда со станови за 29 семејства, во Кочани во завршна фаза е зграда за 35 семејства, во Неготино зграда од 62 станбени единици, во Дебар 46 станбени единици, започна изградбата на втора социјална зграда во Сарај со 58 станови, почната е изградбата на социјална зграда во Пехчево со 34 станови, во Штип со 40, во Прилеп 70, целосно е изградена социјална зграда во Гевгелија со 52 станбени единици, во Демир Капија со 16 станови, во Виница 36 станбени единици, во Свети Николе 48 социјални станови и во Пробиштип 48 станбени единици.
Ова се кокректни резултати, кои прават разлика ова е директен показател на вистинската грижа за граѓаните за решавање на нивните најгорливи проблеми, порача директорот на АДССДП Зоран Ѓоргијев и најави нов проект за изградба на станови за социјално загрозените категории граѓани во нашата држава.Проф.д-р Јасминка Буневска Талевска, проректор на универзитетот Св. Климент Охридски во  Битола, како претставник на академската фела ја поздрави реализацијата на вакви капитални и стратешки проекти и изрази надеж за нивна брза реализација.
Ваквите стратешки проекти значат мобилност, поголем проток на стоки, бидејќи инфраструктурата е крвоткот е нашата земја, и обезбедува побрз регионален развој, развој на трузмот, земјоделието, образвоанието, претставува начин да ги задржиме младите и да ја намалиме и внатрешната и надворешната миграција, истакна Буневска Талевска, додавајќи дека ако се обединат заедно сите чинители и ја реализиаат националната транспортна стратегија, многу побрзо ќе се постигне територијална кохезија на нашата земја во ЕУ, а многу побрзо и влез во ЕУ, посочувајќи ја Полска како пример.
Оваа влада како што се справи со енергетската криза ќе се справи и со реализацијата на ваквите капитални и стратешки проекти, кои значат и вработливост, искористување на ресурси, прогрес и на државата и на академијата, но пред се значат задоволни граѓани, порача проф. д-р Јасминка Буневска Талевска, проректор на универзитетот Св. Климент Охридски во  Битола од трибината во организација на СДСМ на тема „Градиме инфраструктура за иднината”.