ТРЕНЧЕВСКА ЗА РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА : НА КРАЈОТ НА ГОДИНАТА, ВО ПРОСЕК БУЏЕТОТ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ БИДЕ ПОГОЛЕМ ОД ОКОЛУ 12.000 ДЕНАРИ

0
641

„Новата методологија со усвојувањето на измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување овозможува постојан раст на пензиите. Целта на оваа Влада е системско решавање на растот на пензиите, “ рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во интервју за Радио Слободна Европа.

Новата методологија на пензиите предвидува  усогласување со 50 проценти од порастот на трошоците на живот и 50 проценти од порастот на просечната плата, два пати годишно, во март и во септември,  согласно податоците за порастот на просечната плата од страна на Државниот Завод за статистика кои се објавуваат во март и во втората половина на август.

„Ако ја земеме просечна пензија која во моментот е 16.300, со новото усогласување во септември овие пензионери ќе имаат дополнително во својот буџет уште 900 денари. Дополнително на ова со исплата на пензиите за месеците март, април и мај, 330 илјади пензионери во државата ќе земаат дополнително по 1000 денари за да можат да ги купат основните прехранбени производи и за да можат да имаат повеќе буџет во своето семејство. Во периодот, декември 2021 до декември 2022 година, пензионер кој што зема просечна пензија ќе има дополнително 1500 денари зголемена пензија, а буџетот на крајот на годината, на секој пензионер којшто има просечна пензија ќе му биде зголемен за околу 12 илјади денари,“ подвлече Тренчевска.