ТРЕНЧЕВСКА : ЖЕНИ ПРАТЕНИЧКИ НЕ САМО ОД ВМРО-ДПМНЕ ТУКУ И ПРАТЕНИЧКИ ОД ДРУГИ ПАРТИИ СЕ ДЕЛ ОД НАСТАНОТ ОРГАНИЗИРАН НА 1 МАРТ

0
434

По повод утрешниот настан организиран од страна на Министерството за труд и социјална политика „Жени во политиката, говор на омраза, сенка која обесхрабруба“, пратенички од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во одредени медиуми реагираа дека ниту една претставничка од опозицијата не била поканета како панелистка на конференцијата. Од Министерството за труд и социјална политика ја демантираа вестта, соопштувајќи дека жени пратенички не само од оваа партија, туку и пратенички од други партии се дел од настанот.

– Во врска со реакцијата на пратеничките на ВМРО ДПМНЕ, сакам да ја информирам јавноста дека жени пратенички не само од оваа партија туку и пратенички од други партии се дел од настанот организиран на 1 март организиран од страна на Министерството за труд и социјална политика, вели министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска за Центар.мк.

Дел од нив со соодветни пораки за говор против омраза кон жени во политиката учествуваат и во промотивното видео за настанот кое ќе виде прикажано на отворањето на настанот, а кое јавноста ќе има прилика да го види утре.Останатите пратенички се уредно поканети да присуствуваат на настанот, вели Тренчевска.