ТРЕНДО ЛИ Е, ПУТИН ЛИ Е?!

0
509

Путин има една интересна медиска финта во своите медиски настапи и интервјуа за западните медиуми и западните новинари тоа го крстија ВАТАБАУТИЗАМ! Тоа е техникоа на спинување и манупулација која ја користи Путин веќе 20 години во своите медиски настапи каде цинично арогантно на сите критики одговара со контра напад, па кога ќе го прашаат за сите убиени опозиционери сите наместени избори сите затворени медиуми он одговара со контра обвинување па се навраќа на војната во Виетнам, војните во Ирак и Србија, за сите грешки на западот и тогаш интервјуто станува бесмислено и на крај темата се префрла во дворот на западот а Русија изгледа безгрешно како рај на земјата…

Така и нашиот Трендица, наместо да се занимава со Латас и јутуберот Стефан тргна во контра напад и сега тема станавме јас и Рубин од Прилеп а и Марјан Доказ, демек види колку пострашни примери има, Латас е лош ама има полоши?! Каков беден спин на македонскиот бајага! Каква бедна манипулација, Трендо го допре дното! Скопскиот шегобиец и шармер си го покажа вистинското лице, он е Миленко ама со послатка џигерица и не толку голем мев, ама исти се, можно е и Трендо да е рамно земјаш, само што не е анти ваксер, се имало усул…

А за најлудата теза дека Латас бил жртвата што некој го натерал да има секс во Фиќо, е тоа е мајката и таткото на сите спинови. Такво бегање од одговорност за своите постапки навистина е нешто страшно. Зошто Латас не се обидел да и помогне на девојката. Имало начини да го направи тоа. Зошто денеска не изрази симпатии и жал за девојката зошто се смееше и кикотеше за случката? Темата денеска е токму тоа, немањето на емпатија за девојката и за насилието и силувањето како чин, да се менува сега темата и Латас да се прави жртва е навистина ПР мајагери какво само Трендо може да направи и Мартин Протуѓер и Илче Гебелс, еве и Геро би го додал во таа паклена четворка медиска каква нема да има повторно на овие простори!

Пишува, Саше Ивановски – Политико, главен и одговорен уредник на порталот Мактел.МК