ТРЕЗОР: БАНДАТА ЛОПОВИ кои украдоа над 860 илјади евра повикани на распит во Судот

0
1189

Во текот на денов во Основниот суд Скопје на сослушување треба да се појават четири осомничени лица од предметот на СЈО „Трезор“. Екс началниците на УБК и Петата управа се дел од оние кои СЈО ги сомничи дека го оштетиле буџетот за над 862 илјади евра.

– Судии од Одделот на претходна постапка постапувајќи по двата предлога – предлогот за определување на мерка притвор против едно лице и предлогот за определување на мерки на претпазливост против три лица, на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела кои произлегуваат и се поврзани со незаконското следење на комуникациите (СЈО), поврзани со предметот во јавноста познат како „Трезор“, испратија покани до странките и лицата опфатени со предлозите и закажаа нивно сослушување кое ќе треба да се изврши во текот на денот, информираат од Судот.

Предметот „Трезор“ се однесува на економски криминал кој се однесува на злоупотреба на средствата од Буџетот на Република Македонија за што се осомничени три раководни лица во УБК и едно раководно лице во Министерството за внатрешни работи, во врска со набавка на електронско-комуникациска опрема и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија за потребите на 5-та управа при УБК.

Осомничени се дека испумпале пари од државната каса, при набавка на опрема за потребите на МВР, преку фирмата Финзи каде како управител се јавува Коста Крпач кој под засега неразјаснети околности си го одзеде животот.