ТРАЈАНОВ: ЈОРДАН МИЈАЛКОВ ОД НЕВНИМАНИЕ ЌЕ ПОЧНЕШЕ ГРАЃАНСКА ВОЈНА ВО 1991-ВА, ЗА МАЛЦЕ ЌЕ ГО УБИЕШЕ ЛИДЕРОТ НА ПДП ВО СРЕД СОБРАНИЕ

0
4839

– Седиме во собрание во канцеларија јас, Слободан Богоевски, министерот за внатрешни Јордан Мијалков и Митхат Емини виден албански лидер на ПДП тогаш висок функционер во државата. Во еден момент, Мијалков извади од ташна огромен пиштол Смит Весон со цевка од пола метро, вика глејте што носам со мене, сакаше да се пофали, јас се исплашив му реков врти ја цевката подалеку од нас ќе не потепаш, он ме послуша и пиштолот пукна и направи дупка во ѕидот, моравме да ставиме слика за да ја скриеме дупката.

Ако го отепаше Митхат Емини како ќе објасневме дека министрот за полиција по грешка го утепал во сред собрание лидерот на ПДП, тогаш единствена албанска партија во земјата ќе имаше граѓанска војна, веќе вриеше во Косово и во цела екс Југославија тензијата беше голема фалеше само некој тригер…

Павле Трајанов во емисијата ,,Во центарР” на Васко Ефтов.