ТРАЈАНОВСКИ: Кога „Грујо ГУП“, „Миле ДУП“ и „Коце Палма“ си цртаа парцели, си нарачуваа проекти за рушење на постојната и градење на нова сала, тогаш јавноста не смееше да зуцне!

0
1037

Во ДУП за Буњаковец 2 не постои Универзална сала каква што ја знаеме!

Постои маркица за објект висок над 22 метра, 7 ката, со површина 36 илјади метри квадратни!

Таква е сега ситуацијата – тоа ни го оставија „Грујо ГУП“ и „Миле ДУП“, заедно со 600 илјади евра спискани на проекти за Универзална сала кои бел ден не видоа!

И, да, кога „Грујо ГУП“, „Миле ДУП“ и „Коце Палма“ си цртаа парцели, си нарачуваа проекти за рушење на постојната и градење на нова сала – „а ла левото маде на Букефал“ – е, тогаш немаше јавност на која и беше гајле што ќе се руши сегашнава руинирана Универзална сала.

Да имаше јавност, немаше да ја има постојнава маркица од 36 илјади квадрати бетон, бетон и само бетон – што би рекол Рамбо Амадеус.

Сега, ако се менува ДУП-от, треба да се спроведе јавна анкета на која жителите на Буњаковец 2 треба да си го кажат својот збор за било каква промена на постојната маркица.

Тоа е локална демократија во урбанистичкото планирање.