ТРАГЕДИЈА ВО ТЕКСАС – ВОЗИЛО ПРЕГАЗИ СЕДУМ ЛИЦА ДОДЕКА ЧЕКАЛЕ НА АВТОБУСКА

0
392

Седум лица загинаа, а најмалку шест се повредени кога во нив удрило возило додека чекале на автобуска станица, соопшти полицијата во Браунсвил, Тексас.

Полицискиот истражител на Браунсвил, Мартин Сандовал, рече дека несреќата се случила околу 8:30 часот по локално време (15:30 часот по средноевропско време) на автобуска станица во близина на засолниште за мигранти во градот во близина на границата со Мексико.

Се уште не е јасно што ја предизвикало несреќата на возилото.