Многу невистини кажани од пратеничката Славјанка Петровска која бројот на убиства го припишува на министерот, а бројките и фактите сами, целосно ја побиваат. Кривични дела убиства, компаративно 2022, 2023, 2024 се 18, 23 и 20. Неточен е фактот дека се зголемени откако јас сум министер за внатрешни работи.
Секој еден граѓанин има болка во душата и плаче за тоа што се случи, а вие сите до еден ја злоупотребувате болката на луѓето кои ги загубија најблиските. Ова што денес го направивте, повторно да ја преживуваат болката, за политички да профитирате, арам да ви е.
А јас сум тука, не бегам ни од прашања, не бегам ни од одговорност, не бегам ни од се она што треба да се спроведе. И ќе го направам тоа. А на вас нека ви суди македонскиот народ.
Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.