ТОТАЛНА КЛАТИКУРНИЦА ВО СЈО – Лиле Стефанова: Катица го пушти Орце дома да снима видеа и разговори и да ја уништи истрагата!

0
1177

Обвинителката во СЈО Лиле Стефанова која го води случајот „Империја“ кажува дека шефицата Катица Јанева дала согласност Орце Камчев од притвор во Шутка да се префрли во домашен притвор и со тоа му овозможила да влијае на истрагата. Според неа, тоа се гледа сега кога излегоа снимките од неговиот дом поврзани со случајот на обвинителството за организран криминал „Рекет“. Стефанова е обвинителката која ја споменува Камчев во телефонски разговор кој сам си го снимал додека муабетел со Бојан Јовановски-Боки 13. Разговорот беше објавен во италијанскиот весник „Ла верита“.

Стефанова вели дека уште во декември 2018, ѝ се спротивставила на Јанева за тоа на притворените во овој и во други предмети мерката притвор да им биде заменета со куќен притвор. Но, одлуките си ги носела таа, спротивно на сугестиите на Стефанова.

„Конкретно за ’Империја‘ сметав, и таа тоа многу добро го знае, дека мерката куќен притвор не е соодветна во таа фаза на постапката, бидејќи осомничените не може да ги спречи да влијаат на истрагата. Тоа се покажа точно, гледајќи ги снимените видеа што ги правел Јордан Камчев во време кога бил во куќен притвор“, вели Стефанова за СДК.

Повеќе ОВДЕ.