ТОТАЛЕН РАСПАД СИСТЕМ, ЖЕНАВА Е КАКО ЦРНА ЧУМА ЗА СКОПЈЕ : СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО „ГРАДСКИ ЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМИ“ ДАЛЕ ОТКАЗИ ОТИ 3 МЕСЕЦИ НЕ ЗЕЛЕ ПЛАТА, ВЕЛАТ АРСОВСКА Е ТОТАЛНО НЕЗАИНТЕРЕСИРАНА ЗА ПРЕТПРИЈАТИЕТО

0
1131

Претпријатието за енергетика на Град Скопје „Градски енергетски системи“ (ГЕС) остана без вработени откако сите си дале отказ, бидејќи немаат земено плата три месеци и со месеци биле без здравствено осигурување. Директорот на ГЕС Гоце Трпчевски вели дека во моментот АД ГЕС Скопје се наоѓа во многу незавидна состојба поради незаинтересираноста на градоначалничката Данела Арсовска. И покрај постојаните барања за средба, со Арсовска се виделе само еднаш, лани во ноември непосредно при нејзиното доаѓање на функцијата. Тогаш Арсовска побарала да се достави извештај за досегашнато работење на ГЕС и потоа ниту еднаш не одговорила на нивните повици и оставени се без пари.

„Повеќе пати сме се обратиле до Град Скопје и сме ги информирале за состојбата на Друштвото и проблемите со кои се соочувавме, но никој не ни одговара иако Градот е единствен сопственик на Друштвото. Сите вработени ги откажаа договорите за вработување и последните вработени се одјавени заклучно со 31 јули 2022 година. Напуштањето на Друштвото од страна на вработените следи откако беа оставени без неисплатени сега веќе три месечни плати и без здравствено осигурување во време на ковид пандемија. И покрај напорите и барањето кои ги испративме до градоначалничката Арсовска при креирањето на буџетот на Град Скопје за 2022 година да се предвидат финансиски средства за работата на ГЕС, тоа не беше направено и сме оставени без пари“, вели Трпчевски.

АД ГЕС беше формирано во време на ексградоначалникот Петре Шилегов со цел да ја преземе топловодната мрежа во Скопје, да се вклучи во гасификацијата на градот и да креира енергетски политики како една од мерките за решавање на проблемот за загадувањето во Скопје.

Сега, кога лиценците за парното греење се одземени на „Балкан енерџи груп“ (БЕГ) и државата ќе распише оглас за преземање на топловодната мрежа, Арсовска иако има претпријатија за оваа дејност рече дека нема да учествуваат на повикот.

„Имајќи ги предвид моменталните случувања со операторот на дистрибутивниот систем и враќањето, односно одземањето на лиценците, се отвори можност ГЕС да ја добие долгоочекуваната лиценца и да отпочне со дејност за дистрибуција на топлинска енергија за корисниците на топловодното греење во Град Скопје. Но, немаме добиено никаква официјална информација и официјален став на Град Скопје за понатамошните чекори кои се планирани да се преземат и јас не сум тој што треба да каже дали ќе аплицираме или не за лиценца за дистрибуција на топлинска енергија туку Град Скопје“, вели Трпчевски.

Тој додава дека со месеци не се закажува Собрание на акционери за кое уредно се доставени материјали до акционерите, а тоа е Совет на Град Скопје. Одржувањето на Собранието на акционери е неопходно да се одржи што поскоро, поради избор на раководни органи на Друштвото поради истечен мандат на претходните.

Редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК уште пред еден месец испрати прашања до кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска за тоа што се планира со ГЕС и каква е нејзнината визија за иднината на претпријатието за енергетика. Но, одговор како и многупати досега не добивме.

Арсовска на мината седница на Советот на Град Скопје формираше јавна установа за урбанизам „Кензо Танге“, а исто така сакаше да формира и претпријатие за обезбедување. По реакциите во јавноста дека ќе се вработуваат партиски кадри и која е потребата од формирање на вакво претпријатие со кое нема да се придонесе за развој на градот, Арсовска ја повлече точката од дневен ред и рече дека требало да се доработи.