Тортевски за Нова: Панчевски има параноја, нека се лечи кај бајачката на Груевски

0
1488

Јас не се оптоварувам со Панчевски , очигледно тој има параноја, нека оди да се лечи кај истата бајачка од Груевски, секој што дробел, нека си срка, реагира адвокатот Александар Тортевски, на изјавата на Владимир Панчевски, претседател на Кривичниот суд за Нова.

„Фокус“ вчера објави дека судијата Иван Џолев го тужи Панчевски поради кривично дело „поврзано со влијание врз судија за да преземе одделни незаконити дејствија“. За ова дело е предвидена казна од една до пет години затвор.

„Верувам дека Јавното Обвинителство сериозно ќе ја разгледа кривичната пријава и во најбрз можен рок ќе преземе процесни дејствија во врска со пријавата. Верувам и во судството и во Кривичниот суд, во моите колеги и верувам дека овој преседан односно исклучок само ќе потврди дека судиите во овој суд судат согласно законите и се залагаат за владеење на правото“, вели судијата Џолев во својата писмена изјава.