Топ моделот Жаки до Тодоров: Ако се искапеш во Дојран, јас ќе влезам со тебе и тоа топлес!

0
1361

Моделот и поранешна водителка од Прилеп, која што на јавноста и е позната по уметничкото име Жаклина Жаки, има уникатен предлог до министерот за здравство, Никола Тодоров.

По повод неговата изјава во медиумите, дека водата во Дојран е добра за капење, и покрај предупредувањата од страна на Институтот за јавно здравје, Жаки Жаклина јавно, преку „Фокус“ му предлага – Ако ти влезеш да се искапеш во Дојран, и јас ќе влезам со тебе, и тоа топлес!

,,По сите стории и фотографии од Дојранско Езеро, не би влегла во водата со мирно срце, затоа што се плашам за своето здравје. Ме изненади самоувереноста на министерот Тодоров, и неговото негирање на сите предупредувања, па затоа, би влегла во водите на Дојран, само ако и тој дојде да се искапе со мене. И тоа би го направила дури и топлес, пред камери. Подобра реклама за езерото – здравје Боже, не знам дали ќе може да смисли било кој друг,, – вели атрактивната прилепчанка.