Тони Михајловски – Попушанац се впушти во одбрана на актерот Владо Јовановски, СЕГА ОВИЕ ЗЕЛКИ СЛОЖНО ДУДЛААТ ПАТЛАЦИ ЗА ОДБРАНА НА ДЕБЕЛИТЕ ВЛАДИНИ ХОНОРАРИ!!!

0
1713

Актерот Владо Јовановски сега не е сам, доби поддршка и од неговиот колега по пушење Тони Михајловски – Попушанац. Погледнете што напиша оваа зелка за да го одбрани својот режимски колега :

Така е. Владо е лошиот. Како смее да испорача таква омраза наспроти љубовта на Перо, Ирена, Ана, Синоличка, Југослав?

Оние што ќе отпуштаа, ќе фрлаа во Вардар, ќе рушеа, ќе палеа, ќе распнуваа и ќе бесеа по плоштади. Сите тие се добри луѓе. А Владо?

Тој е лош. Бара експлозив. Се плашите дека ќе го употреби? Прпа малце, нели? Не се секирајте. Не е Владо таков. Одамна го знам. Добар човек е. Христијанин. Ама немојте да му згазнете на жуљ. Лошо ќе си поминете. Знам дека нема.

А знаете и вие. Затоа што немате муда да му го кажете тоа во очи. Такви сте. Се знаеме. Та не дојдовте од друга планета мајку му.

А ќе имаме време и во очи да си кажеме што си мислиме. Ќе не сретне професијата на некое сетче, сцениче или сцениште. Ја не знам што толку имате потреба тука да се јачате и да делите емоции?:)

И да не заборавам, сите на куп да ве соберам со се мене, не сме му ни до колена на Владо. Како глумци.