Том Холанд е најмладиот актер кој го играј Спајдермен

0
1077

Том Холанд со своите 19 години не само што е најмладиот актер кој го портретирал Питер Паркер/Spider-Man туку и еден од најталентираните млади актери во Холивуд.

Актерот и се претстави на публиката со еден од највозбудливите филмови во историјата, The Impossible и за само неколку кратки години прерасна во еден од најбараните и најцетите млади таленти од Англија.

Дури и браќата Русо кои го режираа во Captain America: Civil War биле импресионирани од перформансот на Том, неговиот ентузијазам и професионалноста во филмот.

Тие порачаа дека ќе бидете импресионирани од неговата верзија на Spider-Man, но во кратката филмска кариера Том веќе соработуваше и со повеќе одлични режисери како Кевин Мекдоналд, Стивен Најт, Рон Хауард…

Сепак тоа е актер кој ја започна кариерата на театарските штици во 2008-ма година кога и ја доби улогата на Били Елиот во Billy Elliot the Musical, а оваа година фановите ќе имаат можност да го погледнат Том покрај сонародниците Чарли Ханам и Сиена Милер во биографската авантура The Lost City of Z.